Со реализацијата на оваа инвестиција државава ќе ја добие првата приватна ветерна електрана, откако претходно Владата донесе одлука за одобрување на нејзината изградба на барање на „Тхор Импекс“.

На настанот во организација на „Тхор Импекс“ се најавени обраќања на премиерот Заев и на министерот за економија Крешник Бектеши. Најавено е присуство и на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.