Заев и Брнабиќ се договорија и итно да се обезбедат сите услови за целосна функционалност на „One Stop Shop“ системот за контрола на границата меѓу двете земји, што беше забавен поради околностите кои ги наметна пандемијата.

Како што соопшти владината прес-служба, договрено е и да се интензивираат активностите за отворање Македонски културен центар во Србија и Српски културен центар во Македонија.

Оценка на Заев и Брнабиќ е дека Србија и Македонија негуваат исклучително блиски односи, и меѓу државите и меѓу народите и меѓу владите.

Според нив, настанот во Охрид организиран по повод три години од Договорот од Преспа го слави успехот на дијалогот и го подобрува имиџот на Балканот.