Заев со индиректна порака – доколку Собранието како што вели не ја заврши својата работа, тогаш шефот на државата и на дипломатијата да ја превземат одговорноста.

Верувам дека Законот ќе се почитува јасно каде што ако ваквиот фигуративен односно респектабилен аспект на презентирање на своите тези на кандидатите за амбасадори пред Парламентот коишто се една куртоазија пред Парламентот, а не ја врши својата работа, односно таму се блокира работата тогаш апелирам и до МНР секако до сите членови на Владата овде и до претседателот на државата Пендаровски да ги носиме одлуките соодветни за да ги пополните овие амбасадорски места. – велат од

Додека Собранието е во мирување поради кампањата, ги произвиа пратениците, претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието Антонио Милошоски за ТВ 24 вели дека тој и натаму нема намера да закаже комисија, бидејќи како што вели доколку Фрчкоски стане амбасадор е еднаше е одбиен од САД тоа ќе и наштети на државата.

На собранискиот претседател, кој според деловникот има право да ја закаже комсиајта во негово име и да делегира претседател, му порача дека тогаш одговорноста е негова.

Првиот парламентарец кој според деловник може да ја свика комисијата доколку претседателот на комисијата одбива да го направи тоа, за тв 24 вели само дека законодавниот дом мирува. Функционалноста на Собранието вели Џафери зависи од сите 120 пратеници.

Според информациите од дипломатски извори, кои Владата офицјално ги демантираше, професорот Фрчкоски најпрвин беше адут на власта за Вашингтон, но не доби пас од САД.

Премиерот Заев во повеќе наврати демантираше, најавувајќи дека екс министерот за МВР и ММНР се планира за ОН, опозицијата пак и тогаш се противеше, повикувајќи се на стратешките односи со САД.

Македонија има празни амбасади во поголемите стартешки центри, Вашингтон, Берлин, Брисел, Софија, Москва, Анкара.