Во образложението на американските власти, зошто му се воведуваат санкции на контроверзниот црногорски тајкун Миодраг Давидовиќ – Дака, спомнати се и поранешниот премиер, Зоран Заев, и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според американското министерство за финансии “тој (Дака, з.р.) беше исто така посочен во скандалот кој што доведе до апсење на Драги Рашковски, генерален секретар на владата на Република Македонија, инаку врвен соработник на поранешниот македонски премиер Зоран Заев. Рашковски наводно добил поткуп од Давидовиќ, со цел да овозможи средба со премиерот Заев и остварување на бизнис интересите на Давидовиќ.”

Зоран Заев е дел од стратегискиот тим на СДСМ, а Драги Рашковски излезе на слобода заради скандалозните измени на кривичниот законик, насила донесени со злоупотреба на европското знаменце, што го забележа и Европската Комисија во најновиот Извештај за напредокот на Македонија.

Скандалот со коруптивните активности на контроверзниот црногорски тајкун Дака прв го објави во јавноста потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.