На денешното рочиште во Основниот граѓански суд во Скопје, каде продолжи судењето за клевета во тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, судијката го праша премиерот како се чувствувал кога на ТВ „Алфа“ ја слушнал изјавата од тужениот дека бил на чело на рекет тежок 20 милиони евра.
– Кога ја слушнав таа изјава бев заедно со моите родители, сопругата, родителите и децата. Ова предизвика болка, тешкотија, мачнина кај моето семејство. Тоа не му го посакувам никој да го доживее . Тие ќе продолжат вака да се однесуваат ако не бидат законски спречени. Јас сум најмалку 50 пати напаѓан од Николоски и тоа што го говорел е стопроцентна невистина и тој тоа го знае, рече Заев.