Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечер во 18 часот ги повикал на координативна средба лидерите на коалициските партнери, дознава Фокус.

Партски извори велат дека Заев сака да ги информира партнерите за договорот постигнат со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за влез на партијата во владата.

Ова следува откако лидерот на ЛДП, Горан Милевски се пожали дека не е информан за договорот со Алтернатива и откако ќе слушнат што има Заев да им каже ќе одлучат дали ќе останат во владата.