Косовскиот премиер Албин Курти, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово и дека ги покриле темите на потребите на граѓаните на двете држави.

Првата заедничка меѓувладина седница, посочи Заев, е исклучително позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на нашите односи и севкупна соработка, и денеска потпишавме вкупно 11 договори, меморандуми и програми кои опфаќаат и соработка во меѓугранични проекти преку ИПА програмата на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, културата и туризмот.

– Таа е јасен израз на нашата политичка волја и на интересот на двете земји дополнително да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес. Денеска имавме убав и плоден ден. Нашите резултати се од интерес на граѓаните на двете држави и верувам дека во наредниот период, министрите и сите институции ќе бидат посветени на имплементација на задачите кои ги поставувме денеска. Очекувам тоа да даде импулс и за развој на соработката и во многу други полиња во иднина, изјави Заев.

Во прв план, посочи Заев, ги ставивме договорите и меморандумите за инфраструктурно поврзување на нашите две земји.

– Во пакетот потпишани договори се најдоа договорот за спојување на двата автопати во Граничниот премин Блаце, во рамки на изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, договорот за студија за патот Призрен-Тетово, договорот за воспоставување заеднички гранични премини, како и договорот за заеднички скијачки проект, што ќе ја поврзува Брезовица и Попова Шапка, изјави Заев.

За Македонија Косово е еден од најзначајните трговски партнери, посочи Заев, каде трговската размена се одвива слободно без царини, согласно ЦЕФТА договорот и Договорот за економска соработка.

– Во оваа размена остварувме значаен суфицит во наша полза, со што Косово е еден од главните извозни партнери за нашата економија. Вкупната трговска размена во 2020 година изнесувала 305,7 милиони долари, а само во првиот квартал оваа година трговската размена е 130,2 милиони долари и очекуваме годинава да поминеме 400 милиони долари севкупна трговска размена меѓу двете земји, изјави Заев.

Република Македонија, посочи Заев, е подготвена да ги сподели со Република Косово сите свои искуства од нашата интеграција во НАТО, до членството на нашиот сосед, во иднина во истата Алијанса.

Косовскиот премиер Албин Курти, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Македонија и Косово.

-Република Северна Македонија оваа година слави 30 години независност, Косово 13 години независност и ова е првиот состанок меѓу нашите влади за да се интензивираат и прошири соработката на повеќе полиња, рече Курти упатувајќи искрено сочуство за лицата кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тој додаде дека потпишале 11 нови договори, меѓу кои, како што рече, се во однос на туризмот, соработка на полето на претприемништво, економија, безбедност, транспорт, меѓугранична соработка, поврзување на Попова – Шапка со Брезовица итн.

– Пред состанокот заедно со премиерот имавме еден заеднички службен и пријателски состанок. Без оглед на се, ние ги покривме темите на потребите на нашите граѓани и да имаме некаква база што ќе се заснова на најдобрите европски практики, рече Курти.