– Комисијата секогаш работи стручно, навремено и мудро. Тоа се потврдува од мудроста на одлуката, за пред три недели, кога беше стигнато платото на кривата да донесе одлука за ставање на полициски час од 20 часот и затворање на угостителите со цел да ги одмори здравствените работници, но и да помогне во здравствените капацитети. Мудроста во предлагањето, инвентивноста и знаењето имаат свои содржини. Нашиот народ 85 отсто е религиозен и драго ми е што Комисијата води грижа за социјалниот живот. Од тој аспект, заедно одржавме и состанок со лидерите на верските заедници, за не само за први мај, Велигден, да го изменаџираме, туку и за предвечерието за Рамазан Бајрам.

Пораката ја испративме уште во понеделникот преку Филипче, ако бидеме послушни ќе продолжи и олабавувањето на мерките. Ако се опуштиме и не ги почитуваме мерките ќе има повторно затворање. Можеме да дозволиме достоинствено, во кругот на семејството да се дочекаат празниците, рече Заев.