Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање за изјавата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски дека двата договори Преспанскиот и Договорот со Бугарија не се добри, и не само што не ги решиле прашањата, туку ја отвориле Пандорината кутија, не сакаше да коментира, велејќи дека секој си има право на свое гледање.
„Не сакам да навлегувам дополнително во коментари, си има тој свое гледање, јас моето гледиште секој ден го соопштувам. Верувам дека „договор куќа гради“, дека секој договор може да донесе добро, нешто што е европско, и дека низ дијалог треба да се помине процесот“, изјави Заев.