Вели дека патната карта претставува обврска на двете страни за позабрзовано реализирање на Договорот за пријателство, соседство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

-Нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет се секако строго заштитени но истовремено ја има опфатено и бугарската страна.Тоа е реалноста за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и секако си имаат свое право како што тоа го регулираат согласно нивните документи или резолуции да остане прашање за коешто и понатаму може да се разговара. Заради тоа што во неколку наврати јас до сега реков, а и многу други наши високи политички личности дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае и официјално македонскиот јазик и македонскиот идентитет така да имаме еден важен документ јас сум многу позитивно изненаден заради тоа што една земја членка којашто е буквално на другата јужна страна од европскиот континент, не е толку блиску до Балканот е толку детално упатена, навлезена, креативна, инвентивна за да се изнајде решение затоа рековме дека секојпат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни, истакна Заев.