– Вторпат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Св. Прохор Пчињски“, кадешто се одржа Првото заседание на АСНОМ. Тој ден се оствари визијата на бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело, Димо Хаџидимов, кој по повод 20 годишнината од Илинденското востание, во 1923 рече: ‘Македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден’. И го дочека. Со учеството и победата во антифашистичката голема Светска војна на територијата на Македонија, припадничките и припадниците на партизанските единици на НОБ ја заокружија историската цел – државноста на нашата земја. На првото државотворно собрание на АСНОМ, раѓањето на демократска федерална Македонија го сведочеа и големите светски сили, САД и Велика Британија. Истите наши денешни сојузници во НАТО, рече Заев.
Во нашиот генетски запис е и кодот на Крушевскиот Манифест од кој произлезе и еден од столбовите на кој се издигна македонската држава. За право за човечки живот без разлика на вера, етничка припадност, порача Заев и додаде:- Да продолжиме да живееме како браќа и сестри како што сме живееле од дедо и прадедо.