Околу делот за одблокирање на законите во Парламентот. Законите за Клиничкиот центар, бесправните градби, АВМу и МРТВ, законот за државјанств, шесте закони за пензионирање, поддршка за сите закони кои се во европската агенда, а кои значат помош на населението. Верувам дека во периодот кој следува ќе успееме да ги донесеме, и повеќе нема да ни се случуваат повеќе вакви блокади, рече Заев.
Премиерот потврди дека во среда ќе има средба и со останатите партии, за останатите закони.
Заев потврди дека пописот се одложува за септември, односно од 5-ти до 30-ти септември. Кампањата за локалните избори би почнала првата половина на октомври, првиот круг во втората половина на октомври, а вториот круг од изборите во ноември.