Премиерот се стави во жестока одбрана на својот најблизок соработник Венко Филипче и заменикот министер Илир Хасани од коалицискиот партнер ДУИ.

– Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери, истакна Заев.