Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања.

Заедно со премиерот Заев се и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Премиерот Заев ќе присуствува и на свеченоста на која ќе се обрати премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис. Во рамки на официјалната посета предвидени се повеќе средби со стопанственици, дипломати, а исто така ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Македонија. Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.