Резервите на природен гас во Германија паднаа на „алармантно“ ниско ниво, изјави портпаролката на Министерството за економија. – Стравот од можна руска инвазија на Украина врши дополнителен притисок врз снабдувањето со енергија, рече таа.

– Се разбира, ја следиме состојбата со нивоата на складирање и тоа секако е загрижувачко, рече портпаролката на редовната прес-конференција на Владата.

Во моментов, залихите се на 35-36 отсто, што е под „критичното ниво“ од 40 проценти, што според германската влада е потребно за да издржи земјата седум последователни дена на екстремен студ.

За да се надмине 30-дневен период на поумерено студено време, складиштата мора да бидат половина полни.

Во 2020 година, залихите никогаш не паднаа под 71 процент, покажуваат податоците на индустриската групација Gas Infrastruture Europe.