Македонскиот фудбалски прволигаш Струга за уште една година ја продолжи соработката со тренерот Срѓан Захариевски и 48-годишниот стратег ќе го предводи тимот и во сезоната 2022/23.

Захариевски седна на клупата на Струга во март 2020 година и на 68 натпревари има биланс од 27 победи, 24 нерешени и 17 порази.

Во првата сезона под негово водство Струга прв пат во клупската историја избори настап во европските купови, а оваа сезона го освои шестото место во домашното првенство и дојде до полуфиналето во националниот куп.