Иранските власти упатија директно предупредување со најава за ново оружје, испраќајќи порака директно до американскиот претседател Доналд Трамп. Ваквиот официјален став го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана.

Агаџанпур децидно нагласи дека Техеран нема намера да попушти пред притисоците што доаѓаат од официјален Вашингтон, ниту пак ќе прифати каква било форма на принуда или ултиматуми од страна на САД.

„Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување“, порача Агаџанпур.

Високиот ирански претставник оцени дека примарната цел на американската администрација е иранскиот народ преку притисок да биде принуден да капитулира и да ги прифати барањата на Вашингтон. Сепак, според неговото образложение, официјален Техеран цврсто ќе опстои на своите позиции и под никакви услови нема да ги прифати нелегитимните барања што доаѓаат од спротивната страна.