Заканувачка порака оставена на автомобил во подземна гаража во скопската општина Аеродром пријавил 30-годишен скопјанец во полицијата. На 15 ноември, К.Н. пријавил дека на своето возило, кое било паркирано во гаражата на една станбена зграда, пронашол ливче со заканувачка содржина.

Ова не е првпат тој да добива закани. Според пријавеното, претходниот месец добил и порака преку социјална мрежа, која се однесувала на кошаркарскиот клуб во кој моментално настапува.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за содржината на заканите, ниту дали двата инцидента се поврзани. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности и расчистување на случајот.