Крај на хаосот со онлајн игрите на среќа. Нови измени во Законот за електронски комуникации ќе доведат до значајни промени во секторот на онлајн игрите на среќа. Целта да се спречат злоупотреби и да се стави ред на овој хаос. Промените предвидуваат забрана за пристап до нелегални онлајн коцкарници. Како и прецизна регулација на сите провајдери кои немаат добиено соодветна лиценца за приредување на онлајн игри на среќа.
Поголема заштита од потенцијални измами и кражби
Како дел од овие измени, граѓаните ќе добијат поголема заштита од потенцијални измами и кражби на лични податоци, како и празнење на банкарски сметки преку нелегални платформи. Поради растечката дигитална закана, особено меѓу тинејџерите, новите закони ќе овозможат и сериозни чекори за спречување на психолошките и финансиските штети кои онлајн коцкањето може да ги има на младите.
Според Душко Иванов, пратеник и автор на предложените измени, целта на законот е да се спречи негативното влијание на интернет коцкањето. Истото има голем економски, социјален и психолошки ефект на граѓаните. Измени се очекуваат во член 114 на законот, кој сега ќе се потврдува согласно судска или операторска одлука.
Во Македонија, се проценува дека постојат околу 160 нелегални провајдери.
Граѓаните потрошиле над 210 милиони евра на онлајн коцкање. Во дополнение, ќе се истражуваат и неплатените даноци од страна на нерегистрираните коцкарници, кои го оштетиле буџетот на државата.
Министерството за внатрешни работи веќе има покренато кривични постапки за одредени кривични дела поврзани со државната лотарија, и тие се директно поврзани со злоупотребите на нелегалните провајдери. Предлогот за измените на законот ќе биде разгледан на второ читање и ќе биде доставен до надлежните комисии за понатамошна обработка. Планирано е дека измени ќе се имплементираат веднаш по усвојувањето, без да се чека на предвидениот рок од 90 дена.
Законот е инспириран од успешната регулатива во Хрватска, каде се забележани над 600 нелегални онлајн коцкарници.
Извор: Алфа