Сончево и многу топло време ќе има до вторник. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град.

Промена на временските услови се очекува од среда кога температурите  ќе почнат да се намалуваат.

Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места низ земјата. Значително пониски дневни температури се најавени за петок.

Метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради високите температури во следните неколку дена, како и поради можноста за локални временски непогоди во попладневните часови.