Во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово избил пожар.

„Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михайлов” – Битоля.
Очекуваме институциите во набрз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата“, објавија од центарот на својата страница на Фејсбук.

Клубот беше отворен во средината на април, а на неговото отворање присуствуваше бугарскиот премиер Крил Петков и висока државна делегација.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.

Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење.

Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти.​