Косовската полиција приведе германски државјанин во близина на Гнилане, откако при детална проверка на неговиот автомобил биле пронајдени 43 парчиња автоматски долгоцевни оружја.
На приведениот германски државјанин му е одреден притвор во траење од 48 часа. Тој се соочува со обвинение за учество во организирана криминална група, како и за незаконски транспорт и недозволена трговија со оружје и распрскувачки материи.
Надлежните безбедносни органи продолжуваат со истрагата за да се утврди точната рута и потеклото на запленетото вооружување.
