Вечерва од 21.00 часот на стадионот „Ататурк“ во Истанбул е закажано финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Интер.

Манчестер Сити имаше феноменална сезона, со оглед на тоа што ја освои титулата во Премиер лигата како и ФА Купот, но не е тајна дека трофејот во Лигата на шампионите е можеби најважниот.

„Граѓаните“ предводени од Пеп Гвардиола атакуваат на својата прва титула во Лигата на шампионите.

Од друга страна, играчите на тренерот Симоне Инѕаги беа трети во Серија А, но неодамна го кренаа пехарот од Купот на Италија.

Сити е фаворит поради квалитетот, но без сомнение Интер ќе биде максимално мотивиран да победи, на хартија, посилен противник и да ја освои титулата европски шампион, а тоа последен пат успеа да го направи во 2010 година.

ФИНАЛЕ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Манчестер сити – Интер 21.00 часот

Стадион: „Ататурк“ (Истанбул, Турција)
Судија: Симон Марчињак (Полска)

СТАРТНИ СОСТАВИ –
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон – Дијас, Аке, Аканџи – Стоунс, Родри, Гундоган, Де Брујне – Грилиш, Бернардо Силва, Халанд.

Резерви: Алварез, Карсон, Фоден, Гомез, Лапорт, Луис, Марез, Ортега, Палмер, Пероне, Филипс, Вокер.

ИНТЕР: Онана – Бастони, Ачерби, Димарко – Дармијан, Дамфриз, Барела, Чалханоглу, Брозовиќ – Мартинез, Џеко.

Резерви: Аслани, Беланова, Кордаз, Кореја, Д`Амброзио, де Врај, Гаљардини, Госенс, Хандановиќ, Лукаку, Мхитарјан, Шкринијар.