Во војната нема случајности, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски по падот на хеликоптерот во кој животот го загубија 14 лица, меѓу кои министерот за внатрешни работи Монастирски и неговото највисоко раководство.
За „страшната загуба на земјата“ како што ја нарече Зеленски сепак не прецизираше дали има индиции дека трагедијата не е несреќа.
Зборувајќи на форумот во Давос тој побара дополнителна воена и финансиска помош од сојузниците, а во однос на тоа дали е спремен за мировни преговори. Посочи дека уште од стапувањето на неговата функција се залагал за дипломатија, но денеска како што рече не е сигурен дали Путин е вопшто жив.
Не сум сигурен дека претседателот Русија, кој понекогаш се појавува на телевизија, дека е тоа тој. Не сум целосно сигурен дека е жив и дека тој ги носи одлуките, или кој ги носи одлуките таму. Какви се тие луѓе? Немам такви информации. Не разбирам како на европските лидери можете да им ветите една работа, а следниот ден да отпочнете целосна инвазија на една земја. Само не ми е јасно со кого имаме работа, кога ќе кажеме „мировни преговори“.
Москва официјално не ја коментира хеликоптерската трагедија, но повторно ѕвечка со потенцијална употреба на нуклеарно оружје.
Пораз на Русија во војната може да доведе до нуклеарна војна, се закани Дмитри Медведев, заменик на советот за безбедност и поранешен претседател на Русија со порака на Телеграм, како што пренесоа повеќе светски медиуми.
Утре, во НАТО базата „Рамштајн“ во Германија, голем број на воени лидери ќе разговараат за новите тактики и стратегии, како и за снабдувањето на Киев со ново тешко наоружување и со ракетни системи. Тоа сето ќе се случи по форумот во Давос, каде „слабите“ политички забавувачи повторуваа како мантра дека: „Да се постигне мир, Русија мора да загуби“.
Шарл Мишел допатува во Киев, Претседателот на Европскиот совет треба да се состане са раководството на Украина