Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ објави фотографија на Фејсбук облечена во скафандер и објави дека пристигнува во Собрание за да учествува на денешната седница на која треба да бидат изгласани антикризните мерки.

-Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив, напиша пратеничката.

На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница.

🗣 Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги…

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Sunday, April 18, 2021