Бројот на жртвите од силниот земјотрес што рано во понеделникот ја погоди јужна Турција може да достигне до 10.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт.

Според проценката, има 47% шанси да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 луѓе.

Проценките се базираат на споредби со претходните земјотреси во регионот, населението изложено на најсилните земјотреси и ранливоста на објектите во најтешко погодените зони.

– Населението во овој регион живее во објекти кои се исклучително ранливи на земјотреси, иако има и одредени отпорни објекти. Во извештајот се проценува и дека економските загуби најверојатно ќе бидат меѓу една милијарда и 10 милијарди долари, што би можело да достигне и до 2 отсто од турскиот БДП, се наведува.

Според официјалните претставници и државните медиуми, досега е потврдено дека загинале повеќе од 4.300 луѓе, а над 15.500 се повредени во Турција и Сирија.