Најмалку 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Вкупниот број на повредени сега е поголем од 15.500, врз основа на информации од различни новински агенции.

Најмалку 13.293 луѓе се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица.

Турската Агенција за справување со катастрофи соопшти дека во Турција загинале најмалку 2.316 луѓе.