Во скопската населба Ѓорче Петров ноќеска се случил оружен инцидент, откако, како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), две лица со пиштоли нападнале друго лице и му нанеле прострелна рана.
Ноќеска во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило цитроен, соопшти МВР.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.