– Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини за нас како општина од секогаш претставува врвен приоритет.Заради тоа сметаме дека токму со зголемување на атрактивноста ќе го збогатиме опфатот на содржини кои догодина ќе придонесат да имаме уште побогата туристичка сезона од летово кога,покрај нашите,во Дојран ни се вратија и туристите од странство, рече градоначалникот Анго Ангов.

Проектот за конзервација на дојранскиот Амам се реализираше во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија,во чии што рамки беше реконструирана и Саат кулата која неодамна,по повод Денот на ослободувањето на Дојран,беше предадена во употреба.