До вчера не убедуваа дека пописот немало лошо да се одрази, но фала богу што се одложи, изјави Игор Здравковски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гостин во емисијата Филибастер на радио Лидер.
До вчера не убедуваа дека пописот немало што да се одрази, но фала богу што се одложи. Не е јасно во какво општество живееме, треба да надвладее разумот, сите имаме родители, деца, ако немаме здрава нација ќе немаме иднина., Втора година учениците одат он лајн на настава, и прашање е дали тоа се реализира, ние втора генерација ја упропастуваме. На кого ќе ја оставиме државата кога овие млади луѓе немаат социјализација, немаат знаење. Од вакцинацијата нас ни зависи се, вели тој.
Реформите во образованието, ниту се испитани, немаме поврати информации, сега и текнало на министерката, тврдам дека е по барање на Бугарија и ќе го уништуваме образовниот систем. Имаме 112 училишта каде што немаме греење, има над 30 училишта каде нема тоалети или не се поврзани на канализационен систем. Парите од Светска банка, само мал дел ќе се однесува на инфраструктура, а најголемиот дел ќе се дава за обуки. Во овој концепт нема суштински реформи, ама затоа имаме сексуално образование, изјави Здравковски.