-Последен пат контактирав со него пред четири години кога се оделивме од Беса. Кој еднаш те предал, повторно ќе те предаде, изјави Скендер Реџепи.

Инаку, како што е познато пред четири години се формираа две фракции на Движењето БЕСА. Едниот дел остана на чело со Биљал Касами и продолжи како БЕСА, а од другиот се формираше Алтернатива на чие чело е Африм Гаши и кои во моментов се во коалиција со Алијанса за Албанците и имаат четири пратеници.

Скендер Реџепи Зејди беше првиот пратеник кој се предомислуваше дали ќе гласа за пад на Владата, откако дозна дека на иницијативата стојат потписи на Левица. Откако беа повлечени потписите на неколку пратеници, меѓу кои и на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, Скендер Реџепи се согласи да гласа за пад на Владата.