Ги гледиме тековните случувања-изјави портаролот на ЕК Ана Писонеро за „Република“

Ова е „опширниот“ одговор на Европската Унија за образложението на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој денеска не се појави на денешната седница на која требаше да се гласа за недоверба на владата.

„Република“ ја праша портпаролката на ЕК Ана Писонеро дали е точно дека пратеникот на Беса од високи дипломати на ЕУ добил сигнали дека Македонија ќе добие датум за преговори и оти затоа не се појавил во Собранието. Ја прашавме Писонеро кои се тие димпомати и дали навистина ќе почнеме преговори.

На сето ова од неа добивме одговор дека ја следат ситуацијата.