За разлика од постојните обврзници, зелените обврзвници ќе бидат обврзници што ќе се користат само за инвестициски проекти или за зелен развој, во смисла на кои ќе бидат за капитални расходи од една страна, но меѓутоа од друга страна новината на овие инструменти е што ќе можат и граѓаните да купуваат во соработка со банките, но ќе бидат директно достапни на граѓаните. Ова на среден рок ќе помогне во развојот на финансискиот пазар, но и финансиска едукација на нашите граѓани за можностите за да ги искористуваат и да ги зголемиме нивните доходи, приходи, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
– Идејата на Планот за забрзување на раст е на среден рок покрај тоа што претендираме да имаме забрзана динамика на раст преку зголемување на инвестициите кои под сегашните 30 отсто што беа во текот на 2020 година, во 2026 година да станат 36,2 отсто од бруто домашниот производ. Во просек досега имаме 31 – 32 отсто бруто инвестиции во бруто домашниот производ, рече Бесими во интервју на дневникот на Тв Сител.
Со зголемување на структурата на инвестициите во БДП, потенцира министерот, ќе се забрзи динамиката на раст од 2,5 на 5 отсто годишен просечен раст, меѓутоа ќе се зголеми квалитетот на живот, ќе се отворат повеќе работни места и повеќе инвестиции, со цел да биде во склоп на фискалната консолидација.