Генераторите се важни како оружјето за Украина да може да го преживее енергетскиот терор на Владимир Путин оваа зима, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на вонредната конференција во Париз, додавајќи дека на неговата земја и’ се потребни уште 800 милиони евра помош за да ја преживее зимата и 1,5 милијарди евра за обновување на штетите на енергетската мрежа.

Целта на конференцијата е да се воспостави меѓународна координација со цел да се обезбеди вистинска комбинација на генератори, трансформатори, опрема за реконструкција на високонапонски мрежи и гасни турбини преку 800 милиони евра помош за Украина, пишува „Гардијан“.

„Секој ден нашите инженери мораат да го запрат снабдувањето со електрична енергија на милиони Украинци заради поправки. И секој ден очекуваме нови руски напади. Затоа генераторите станаа важни како оружје за заштита на граѓаните“, рече Зеленски преку видео врска.