Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е потресен од нападот со нож извршен во Полска од страна на Украинец.

Во нападот со нож во бенедиктинскиот манастир Јарослав, јужна Полска, убиен е еден свештеник, а неколкумина се повредени. По нападот е уапсен 31-годишен украински државјанин.

Извршено е ужасно злосторство во опатијата на сестрите бенедиктинки во Јарослав. Потресени сме од овој чин на омраза, објави Зеленски на Фејсбук.

Тој повика на брза и темелна истрага за околностите поврзани со нападот.

Полската полиција соопшти дека сè уште не е познат мотивот за нападот.