-Германија неодамна нè спречи да примаме пратки со системи за борба против дронови и снајпери, што се исклучиво одбранбени системи, како дел од соработката на НАТО, рече Зеленски во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.
Зеленски во интервјуто кажува дека „секоја демократска држава која се штити од агресија мора да има право да набавува одбранбено оружје. Но, во одредени престолнини стравот доминира“.
Соочен со руската „агресивност“, Киев во ноември посочи дека сака дополнително да набави одбранбено оружје од Западот.
Источна Украина од 2014 година е сцената на крвава војна со проруските сепаратисти. Конфликтот, што досега однесе повеќе од 13.000 животи, почна по руската анексија на полуостровот Крим.
Тензиите ескалираа во последните недели, при што Западот го обвини Кремљ дека планира инвазија на Украина и упорно испраќа предупредувања до Русија.