Нацрт-законот беше предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, а планирани се 10 големи воени вежби.

Заменик-министерот за одбрана Анатолиј Петренко пред гласањето за нацрт-законот истакна дека 21.000 украински војници и 11.500 војници од САД, од Велика Британија, од Полска, од Романија и од други земји ќе учествуваат во воените вежби на украинска територија.

Украина ја интензивира воената соработка со западните држави поради зголемените тензии во Русија. Киев ја обвинува Москва дека распоредила околу 90.000 војници на границата меѓу двете земји, додека Русија тврди дека тоа е дефанзивен чекор и оти има право да испраќа војска каде било на своја територија.