Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон за средба со Доналд Трамп за можностите за крај на војната со Русија и безбедносни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Каде ќе се разговара за можните решенија за крај на војната со Русија, која започна во февруари 2022 година.

Средбата следува по самитот во Алјаска меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Кој не донесе конечен договор, но според Трамп ги доближи ставовите на двете страни за прекин на непријателствата меѓу Русија и Украина.

Според Ројтерс, Русија прифатила да се откаже од помали окупирани делови во Украина. Но бара Киев да отстапи делови од територијата на истокот, кои не се под руска контрола.

Овој извештај беше објавен еден ден откако Трамп и Путин се сретнаа во воздухопловната база во Алјаска. Првата средба на американски претседател со шефот на Кремљ од почетокот на украинскиот конфликт.

Иако средбата не заврши со прекин на огнот, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека разговарал со Путин за пренос на територии и безбедносни гаранции за Украина. Двете страни „во голема мера се согласиле“.

„Мислам дека сме доста блиску до договор. Украина мора да се согласи, а можеби ќе кажат не“, додаде Трамп. Тој ги информираше Зеленски и европските лидери за разговорите на самитот, а некои од предложените решенија претставуваат сериозни предизвици за раководството на Украина да ги прифати.

Понудата на Путин ја исклучува можноста за прекин на огнот пред постигнување на сеопфатен договор. Што е спротивно на барањето на Киев.

Според предлогот, Украина би се повлекла од источните региони Донецк и Луганск. А Русија би ги замрзнала фронтовските линии во јужните региони Херсон и Запорожје.

Киев веќе отфрли какво било повлекување од својата територија, вклучително од Донецк. Каде украинските сили се утврдени и градот служи како клучна одбранбена бариера.

Москва би била подготвена да врати мали делови од територијата што ја контролира во северниот регион Суми и североисточниот Харков. Вкупно околу 440 квадратни километри, додека Украина контролира околу 6.600 квадратни километри од Донбас.

Путин би барал и формално признавање на руската власт над Крим. Како и официјален статус на рускиот јазик во делови од Украина. Русија, исто така, очекува укинување на дел од санкциите и забрана за приклучување на Украина кон НАТО. Додека се предлагаат безбедносни гаранции надвор од алијансата.

Сите овие мерки се дел од разговорите кои Зеленски ќе ги води со Трамп утре, со цел да се пронајде решение и да се постигне крај на војната со Русија.