Источна Европа во страв од прелевање на војната
Земјите од Балтикот до Црното Море што граничат со Русија, Белорусија и Украина изразуваат загриженост дека војната може да се прошири. Во петок министрите за одбрана на источната граница на ЕУ ќе одржат состанок за мерки за заштита.
Трамп: НАТО треба да соборува руски авиони
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека членките на НАТО треба да соборуваат руски авиони што ќе навлезат во нивниот воздушен простор. На прашањето дали САД ќе обезбедат воена поддршка, тој рече дека „сè зависи од околностите“. Трамп нагласи дека НАТО се зајакнал со зголемување на буџетот од 2 на 5 проценти и дека трилиони долари се вложуваат во оружје.
Зеленски бара безбедносни гаранции и крај на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека со поддршката на ЕУ и НАТО, Киев може да ја врати целата изгубена територија. На средбата со Трамп разговарале за промена на ситуацијата по три и пол години крвопролевање. Зеленски пред Советот за Безбедност упати критики кон Путин и Кина и порача дека Русија мора да стави крај на војната.
Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Путин
Тој изрази подготвеност за средба со Путин, но не во Москва – како што предложи Кремљ – туку во неутрална земја, како Казахстан. „Вистинските безбедносни гаранции мора да станат линија што Русија не може повторно да ја премине“, изјави Зеленски.