Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Турција на разговори со неговиот колега Реџеп Таип Ердоган.

„Денот го завршуваме во Турција, имаше многу работа. Преговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Усогласување на позициите за мировната формула, самитот на НАТО, безбедносните гаранции и иницијативата за жито. Реконструкција на Украина, одбранбените договори меѓу нашите компании“, напиша Зеленски на Телеграм.