Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, денеска загинаа 11 лица, изјави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На снимката, што Зеленски ја постираше на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа и силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.
Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.
-Окупаторите ја земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост, напиша Зеленски.