Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакнал дека Русија нема право да ја претвора нуклеарната енергија во оружје и да го уценува светот дека ќе го употреби,

Заленски на заедничка прес-конференција со директорот на меѓународната агенција за нуклеарна енергија, на 36 годишнината од катастрофата во Чернобил која се одбележа вчера, истакна дека светот е повторно на чекор до катастрофа бидејќи како што наведува, за руските сили таа нуклеарка е само уште една борбена зона за која не се грижат.

Тој ги обвини и руските сили дека се внимаваат на нуклеарна опасност, како и за ограбување и нанесување штета на неколку подрачја, вклучително и центарот за контрола на системот и лабораторија.

Според Зеленски токму оваа негрижа и невнимание предупредува на опасноста дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје.