Бројот на цивилни жртви во Бородјанка и другите ослободени украински градови може да биде многу поголем од бројот на цивили убиени во Буча, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ги повика меѓународните новинари да ја посетат Буча и другите градови за да ги документираат убиствата на цивили, додавајќи дека во интерес на Украина е да отвори истраги за смртните случаи. Тој, исто така, рече дека ќе се обрати пред Советот на ОН во вторник.

Претходно денеска, украинскиот лидер го напушти главниот град и тргна на своето прво патување откако почна војната за да се убеди себеси во Буча во, како што рече, геноцид и воени злосторства.

Подоцна, во видео обраќање до романскиот парламент, Зеленски рече: „Армијата мачеше луѓе и ги имаме сите причини да веруваме дека многу повеќе луѓе се убиени“.