Земјоделците од струмичко излегоа на улица и со трактори и приклучна механизација го блокираа центарот на градот. Револтирани се од моменталната состојба во градинарскиот сектор и ниските откупни цени.
Велат, сезоната само што започна, а производството се откупува по цени под секоја пазарна логика.
Како конкретен пример ја наведуваат цената од 25 денари за доматите што била далеку под трошоците за производство. Бараат итни интервенции од државата и стопирање или регулирање на увозот од странство, посебно во екот на домашното призводство.
Проблемите и барањата на струмичките земјоделци ги слушна и дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој најави средба и со трговците по што ќе се бара решение за проблемот. Тој вети дека за кратко, по формирањето на новата влада повторно ќе профункционира и законот за неделни откупни цени, а а инспекторте ќе бидат многу почесто на терен.
Последните десетина дена земјоделците од струмичко организираа серија протести. Прво започнаа производителите на млад компир, по што на улица излегоа и производителите на домати. Доколку не се најде решение најавуваат радикализација на протестите и блокади на магистралните патишта.