Потресот го почувствуваа Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга

Рано утринава, земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во повеќе делови на западна Македонија. Епицентарот на потресот, како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се наоѓа на околу 200 километри јужно од Скопје.

Потресот бил регистриран во 4 часот и 32 минути, а досегашните информации покажуваат дека бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.

Интензитетот во овие подрачја достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека земјотресот бил осетен, но без известна материјална штета.

Сеизмолошката опсерваторија апелира до граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, кој се користи за потребите на сеизмолошките истражувања.