Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја и други градови во Албанија.

Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Македонија, посебно во дебарскиот регион.

На денешен ден пред две години и во исто време(16:05 часот) имаше потрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во подрачјето на Драч, а според официјалниот биланс, оштетени беа над 1.500 куќи, стамбени згради и училишта, главно во областа Драч, каде што беше епицентар, но и во Тирана.

По два месеца, на 26 ноември 2019 Албанија ја погоди катастрофален земјотрес, со јана од 6,4 степени, со епцентар во подрачјето на Драч, во кој животот го загубија 50 лица, околу две илјади беа повредени а метеријаланата штета беше проценета а 1,2 милјарди евра.