Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и грчкиот остров Крф. Потоа следеле серија земјотреси, вториот и третиот со јачина од 3 и 2,3 степени, а потоа и со 2,5 и 2,8 степени според Рихтер.
Земјотрес со помал интензитет утрово бил регистриран и во Грција.