Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(35) од село Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.08.2022 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над женско лице од село Пласница, при што пронашле и одзеле ќесе со остатоци од кокаин, кој претходно го набавила од пријавениот.