На 21.12.2023 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, товарно моторно возило „дачија докер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(55) од Скопје, удрило во М.Т.(38) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни се здобила М.Т., констатирани во привaтна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.