На 06.08.2022 во 07:20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице.
Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.